Во Јагодина, Србија, пред неколку години беше отворен музеј на восочни фигури, а жителите на овој град велат дека во него недостасува восочна фигурата на фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ. Вработените во музејот направиле анкета меѓу посетителите на музејот и повеќето од нив рекле дека треба да се направи и фигура од Цеца.
Тамара Николиќ, водич во музејот, за српските медиуми рекла дека освен на фигурата на Јосип Броз – Тито, посетителите најмногу се воодушевуваат на восочните фигури на политичарите Слободан Милошевиќ и Зоран Ѓинѓиќ, но и на историските личности цар Душан и Милан Обреновиќ. Меѓу најголемите атракции во музејот е и фигурата на Владимир Путин.
„И посетителите на сајтот гласаат за тоа кои фигури сакаат да ги изработиме, а освен за историски личности и секако Цеца Ражнатовиќ“, рекла Тамара.