Цеца за еден саат на ромска свадба земала 50.000 евра

Српските пејачи Светана Цеца Ражнатовиќ и Аца Лукас пееле на ромска свадба, каде заработиле иладници евра.Со денови на социјалните мрежи се шушка за големата ромска венчавка која се одржала во околината на Белград, на која гостите ги забавувале Цеца и Лукас.

Семејствата на младенците вложиле огромна сума на пари за гала прославата на која присуствувале околу 1.500 гости. Цеца наводно за еден час зела околу 50.000 евра. Таа се појавила по полноќ, и ги отпеала своите најголеми хитови, а на сцената се појавил и Лукас.

И како и на секоја ромска свадба, неизбежни биле мегаломанските моменти. Невеста носела круна на главата и била украсена со густо жолто злато, и имало огромна свадбарска торта. Целата програма од утро до зори ја водел Бора Сантана, кој од крајот на реалното шоу „Задруга“ води ромски свадби. Покрај домаќинската улога, Сантана пеел и свирел, па покрај стандардниот хонорар, добро заработил и со бакшиш.

Scroll to Top