„Црвена јабука“ под отворено небо во Охрид

После успешно продадените концерти низ Македонија и регионот, легендарните „Црвена јабука“ доаѓаат во Охрид, каде што ќе одржат ексклузивен концерт под отворено небо, на 9 август, на најубавата локација за оваа пригода, а тоа е Античкиот театар во Охрид.

После којзнае колку време Жера со својот бенд се враќа во Охрид, а охриѓани и сите оние кои ќе бидат присутни, на 9 август ќе се движат со рокенрол звуците на  “Ima nešto od srca do srca”, “Tamo gdje ljubav počinje”, “Sanjam te”, “To mi radi”, “Nekako s proljeća” и уште многу стари, нови и безвременски хитови.

Ова ќе биде уште еден настан каде ќе се потсетите на старата и добра музика, но и хитовите кои оставија белег на своето време.

„Црвена јабука“ и „Антички театар“ – идеална комбинација која ова лето никако не смеете да ја пропуштите.
Дојдете заедно да ужуваме во песните кои потсетуваат на едни посреќни и поедноставни времиња.

Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба, а истите може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com  и кај Аждер.

Scroll to Top