Турската глумица Гокче Бахадир се разведе оти сопругот ја фати гола со татко му во кревет

Турската актерка Гокче Бахадир (39) неодамна се пожали на турската јавност дека нема среќа во љубовта, откако се разведе со нејзиниот поранешен сопруг, актерот Али Сунал (43).  Парот се венчаше во 2011 година, а бракот траеше само една година, откако тој ја фати гола со татко му во кревет, пренесоа турските медиуми за разводот.

„ Се венчавме од голема љубов, но решивме да се разделиме затоа што нашите патишта се разидуваа“ – изјави тогаш актерката која публиката ја запозна од хит серијата „Кога лисјата паѓаат“.

Таа не откри детали за брачните проблеми, но извори блиски до Гокча тврдат дека нивниот брак не успеал бидејќи нејзиниот сопруг ја фатил во љубовна врска со неговиот татко Кемал Сунал.

„Покојниот Кемал беше голем заводник. Двајцата влегоа во врска само неколку дена откако тој и стана свекор. Подолго време постоеше фатална привлечност меѓу нив, а не ја спречи фактот што тој е постар од неа 30 години – открил извор близок на актерката во тоа време.

Се зборува сеја Али ги фатил, откако од пат се вратил два дена порано дома. Прво го видел автомобилот на татко му во неговиот двор, а потоа ги нашол голи во дневната соба, што довело до голем скандал.

Актерот повторно најде среќа и е  брак со Назли Курбанзаде, и ја имаат ќерката Нарин Сунал.

 

 

Scroll to Top