Турскиот актер Чагдаш Чанкаја и сопругата загинаа во земјотресот, спсувачите со часови слушеле гласови за помош под урнатините

Популарниот турски актер Чагдаш Чанкаја и неговата сопруга, познатата пејачка Зилан Тигрис погинаа во земјотресот во Турција. Веста ја потвдија турските медиуми, кои пишуваат дека се пронајдени под рушевините на деветокатницата во Дијарбекир. Спасувачите со часови слушеле галсови и повици за помош, но кога конечно ги пронашле тие веќе биле починати од хипотермија.

Погината под урнатините беше и познатата турска глумица Емел Атичи, која го толкуваше ликот на Сермин во серијата „Горка земја“ . Таа загина во катастрофалниот земјотрес во Турција, во градот Адана, а покрај неа беше пронајдено и телото на нејзината ќерка Ханде.

Познатата турска глумица Емел Атичи и нејзината ќерка загинаа во земјотресот – Reporter.mk

 

 

Scroll to Top