Турци ѝ понудиле на Емина Јаховиќ, 100.000 евра да напише книга, во која ќе открие сѐ за односот со Мустафа Сандал

Турска издавачка куќа ѝ понудила на пејачката Емина Јаховиќ, 100.000 евра за да напише книга, во која ќе открие сѐ за односот со нејзиниот поранешен партнер, Мустафа Сандал.

„Ако автобиографијата мине добро, а тие сметаат дека ќе помине, затоа што и двајцата се големи ѕвезди, може да се сними и серија или филм за нив“, открива извор близок до пејачката.

Турците наводно сакаат Емина да напише автобиографија во која меѓу останатото ќе открие детали од бракот со Мустафа, со кого ги има синовите Јавуз и Јаман.

Тие само за пишувањето и нудат 100.000 евра, додека за печатењето и дистрибуцијата самите тие ќе ги покријат трошоците.

„Мустафа и Емина се големи ѕвезди во Турција. Додека беа заедно, беа интересни за јавноста, а уште повеќе станаа привлечни по разводот. Јавноста беше шокирана кога дозна дека Мустафа не плаќал алиментација за децата, затоа што таква беше пресудата. Тоа беше иницијална каписла за оваа турска издавачка куќа да и понуди на Емина голема сума на пари за да открие каков и бил животот со Мустафа и дали имала проблеми во бракот кои таа ги криела“, вели изворот.

 

Scroll to Top