Уапсен е менаџерот на раперите Буба Корели и Јала Брат

By

Уапсен е Адмир Арнаутовиќ, менаџерот на познатите босански рапери Буба Корели и Јала Брат, откако службеници на полициската управа на МУП на кантонот Сараево, по наредба на Обвинителството на Босна и Херцеговина, извршиле акција.

dobivaj vesti na viber

Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело, повреда на доверливоста на постапката. Уапсен е и член на Дирекцијата за координација на полициските органи на БиХ.

Врз основа на наредба на Судот на Босна и Херцеговина, извршени се претреси на три локации на подрачјето на кантонот Сараево, при што се пронајдени и привремено одземени предметите на кривични дела, пренесуваат босанските медиуми.

Уапсените се задржани во службените простории на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, а кривичната истрага ќе продолжи, а за негово лоцирање, пронаоѓање и апсење се трага по А.М. 

Адмир Арнаутовиќ, во јавноста попознат како Шмрк, е поврзан со извршување на бројни кривични дела и Фахрудин Гачановиќ, актуелен вработен во ДКПТ, кој долги години работел како вработен во СИПА.


Ќе ви се допадне