Уапсен мажот на Наташа Беквалац

Лука Лазукиќ, мажот на пејачката Наташа Беквалац е уапсен, пишува српски „Телеграф“. Полицијата го пронашла Лука во станот на неговиот татко на Нов Белград. Новинарите претходно го прашале таткото на Лука за изјава во врска со немилиот настан. Тој им рекол дека е лага дека неговиот син ја тепал пејачката и дека целото семејство, вклучувајќи ја и Наташа, се на гости кај нив, пијат кафе.

Во времето на изјавата беа објавени првите фотографии дека Беквалац е во болница.

Таа утрово била одведена во Ургентниот центар во Белград, откако Лука, со кого е во брак скоро шест месеци, ја претепал. Според нејзината изјава за полицијата, во тоа време бил пијан.

Пејачката веднаш го напушти семејниот дом на Дедиње и во моментов е кај пријатели, пишуваат медиумите во Србија.

Scroll to Top