Уапсен Огњен Врањеш

Фудбалерот на Андерлехт Огњен Врањеш е уапсен на аеродром во Шарлоа, затоа што немал важечка дозвола за престој во Белгија. За време на контролата на пасошот во Шарло, било утврдено дека дозволата која ја имал му е истечена. Врањеш не знаел дека визата не му е реглирана, па вели дека доживеал голем срам.

Кога ги предал документите, му било кажано дека ќе мора да оди на сослушување. Фудбалерот од Босна и Херцеговина целата вечер морал да ја мине со други бегалци во затворен центар.

Врањеш минатиот четврток стигнал во Бањалука, а вели дека репрезентативната пауза ја искористил да ја мине со семејството и пријателите.

„Личноста која ја откривме без соодветна дозвола е играч на Андерлехт, но немаше доказ за тоа“, навел службеникот во записникот.

Поради тоа што Босна и Херцеговина не припаѓа во Европската унија, Врање морал во себе да поседува дозвола за престој во земјата. Тој поседувал дозвола на основа на договорот кој го имал со клубот, но истата му била истечена минатиот месец.

 

Scroll to Top