Уна е наводно девојката чии пораки Беквалац ги открила во телефонот на Лука

Откако Лука Лазукиќ физички ја нападал својата сопруга Наташа Беквалац, во ноќта меѓу 13 април и 14 април, се појавиле информации дека Наташа открила љубовни пораки со една од неговите поранешни девојки.

Лазукиќ наводно се допишувал со Уна Крлиќ, водителката од една кабловска телевизија, чии пораки Наташа, наводно ги пронашла во неговиот телефон. Уна одговорот на целата оваа приказна, го објавила на социјалните мрежи.

„Не сакам да давам никакви изјави за медиумите, но не можам ни да допуштам да оваа невистина да влијае на мојот живот. Се надевам дека правдата ќе го стигне секого кој ќе се обиде на ваков ужасен начин да го извалка моето име“, напишала Уна на социјалните мрежи.

Водителката истакнува дека целата афера со Лука Лазукиќ некој ја има наместено, но правдата ќе ја побара преку суд.

 

Scroll to Top