„Уште многу девојки ми се јавија да ми кажат дека се жртви на Лечиќ: Мерима Исаковиќ вели дека повеќе студентки се подготвени да сведочат против глумецот

Познатата актерка Мерима Исаковиќ, која го обвини Бранислав Лечиќ дека ја силувал, сега вели дека се јавиле и многу други девојки кои ја доживеале нејзината судбина. Тие и раскажале како глумецот им се додворувал на непристојни начини.

„Сѐ што раскажав во јавноста беше со цел и надеж дека на тој начин ќе ја спречам медиумската хајка и психолошкото злоставување кое се правеше врз младата девојка Данијела Штајнфелд, која успеа да се издигне од пепелта и да ги повика насилниците на одговорност. Но, го крена на нозе и целото општество. Трагичната траума што ја доживеа таа, не е приказна само за неа. Таа не е единствената жртва на насилство. Тоа е приказна за една појава која е многу честа во нашето општество. Почеста е од што самото општество е подготвено да ја признае. Колку што сватив јас, Данијела не сакала да биде таа која со својата пријава ќе ја отвори оваа јавна дебата. Данијела верувала во законот и во државата дека ќе ја заштити. Уште поважно дека ќе ги заштити и сите тие девојки од исти и слични насилници. Стојам зад секој мој збор, напишан во Неделникот на 8. април 2021 година“, изјавила Исаковиќ и продолжи деа девојките се подготвени и сакаат да сведочат пред Обвинителството, но, само под услов нивниот идентитет да остане во тајност.

„Тие нагласија дека се плашат, но, се исплашени од написите во медиумите. Ме прашаа дали можат мене да ми кажат за тоа што го доживеале со Лечиќ, но, само под услов да го зачувам нивниот идентитет“, изјавила глумицата.

Сведоците сакаат да ги предадат на увид во Обвинителството и снимките во кои нивните гласови се задскриени. Исто така сакат да разговараат директно со обвинителот и сведоците, ако им е загарантирано правото на зачувување во тајност на идентитетот.

За потсетување, Лечиќ даде изјава во полицијата на 26. март кога во целост ги негираше наводите на Данијела, а истата вечер на социјалните мрежи објави дека поминал и на полиграф, иако тоа за истрагата нема големо значење.

Потоа следеше затишје на случајот, сѐ додека во јавноста не излезе поранешната глумица Исаковиќ, која го обвини Лечиќ дека ја силувал во 1978 година, во време додека биле колеги на Факултетот за драмски уметности во Белград.

„Го чувствував неговиот здив додека го молев да престане “- актерката Мерима Исаковиќ по 40 години го обвини Лечиќ дека ја силувал

Scroll to Top