Вдовица сум 21 година, смеам и јас да се заљубам: Цеца прозборе за љубовта со Богдан

Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ веќе неколку месеци е во врска со бизнисменот Богдан Срејовиќ. Иако на почетокот криеја дека се заедно, последниве месеци не се одвојуваат еден од друг, а Цеца сега првпат прозборе за љубовта со помладиот дечко.

„И јас смеам да се заљубам, зар не? Јас сум 21 година вдовица и за тие две децении не го експонирав својот емотивен живот. Но, љубовта им се случува на другите, па зошто да не ми се случи и на мене? Јас не сакам да го откривам својот приватен живот, тоа ми припаѓа само на мене и не е за споделување во јавноста. Секој има право на љубов, партнери, но тоа не значи дека треба постојано да сум насловните страници“, рече пејачката за емисијата „Викенд специјал“.

Цеца претходно ги избегнуваше прашањата за врската со Богдан, иако често се појавуваат заедно во јавноста. Во интервјуто, таа одговори и на прашањето дали наскоро ќе ја мажи ќерката Анастасија.

„Може, што се однесува до мене. На мене и сестра ми, ни одат организациите, но тоа е прашање за Анастасија. Јас го обожавам својот зет, немам ништо против, за мене сè е супер“, рече таа.

Цеца, која најави дека наскоро ќе сними нов албум, го одржа и првиот концерт од почетокот на пандемијата. Таа пееше на дожд пред 20.000 луѓе. На концертот беше и Богдан, кој ја снимаше од публиката, а видеата и фотките ги објави со пораката: „Браво љубов моја“.

(Видео) Цеца мокра од дожд пееше на концерт, дечко ѝ од публика: Браво љубов моја

Scroll to Top