Вечерва во 19:30 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на улица Македонија во Скопје ќе има дружба со д-р Неле Карајлиќ, ѕвездата на „Забрањено пушење“ и „Топ-листа на надреалисти“. Toј е автор на книгите „Фајронт во Сараево“ и „Солунска 28“. Карајлиќ утре ќе има концерт на Пиво фест во Скопје.
„Солунска 28“ беше промовирана во мај оваа година, за време на Саемот на книгата. Романот ја доби престижната српската книжевна награда „Момо Капор“ за 2018 година.