Вељко: На Цеца ќе ѝ подарам внучиња

Вељко Ражнатовиќ веќе неколку месеци е во врска со Богдана Родиќ, девојката со која на 18 март годинава синот на Цеца се сврши.

Богдана досега не се огласувала премногу во медиумите, но затоа на секој чекор ја следи синот на Цеца. Така беше и во Јагодина, каде што Ражнатовиќ боксуваше против својот противник, Италијанецот Данило Стачонеа.

По мечот, Вељко отворено проговори за својот однос со Богдана и какво изненадување двајцата ѝ подготвуваат на Цеца.

„Богдана и јас одлично се согласуваме, таа е прекрасна девојка. Таа е мојата среќна ѕвезда и мора пред секој меч да ми ги бакне двете раце. Многу се пишуваше и имаше коментари за нашата врска и на нашите родители им се ставаа зборови во устата што не ги кажале. Затоа, сега ви откривам дека набргу може да очекуваме бебе“, изјавил Вељко.

„Богдана и јас работиме на тоа да добиеме бебе, а потоа ќе правиме и свадба. Набргу ќе одиме на одмор на две недели. Морам малку да си дојдам на себе. Напорно тренирав од ноември и од тогаш не прекинав. Имав секојдневно по три тренинзи“, изјавил Вељко по мечот со Стачонеа, кој лекарите со крајни напори го вратиле во живот.

„За момент се исплашив. Погледнав како човекот не може да се соземе и не ми беше сеедно. Тоа е бокс, секој потпишува за својата одговорност и влегува во рингот, каде што го ризикува својот живот. Во боксот имам амбиции да бидам светски првак и ќе направам сѐ за да го остварам тоа. Ништо друго не ме интересира“, изјавил Вељко.

 

Scroll to Top