Вереницата на синот на Еди Рама загина во земјотресот во Албанија

Кристина Реци, вереницата на Грегор Рама, синот на премиерот на Албанија Еди Рама, е меѓу жртвите во разорниот земјотрес што ја погоди земјата. Освен Кристина, во земјотресот загинаа и нејзиниот татко Едуард, мајката Долора и братот Клаус. Веста за смртта на семејството Реци ја потврди Грегор.

„Меѓу многуте загинати во таа природна катастрофа, под урнатините е пронајдена и мојата вереница, заедно со нејзиниот брат, мајката и таткото“, напиша тој на „Инстаграм“.

Албанскиот премиер, пак, заплака пред камерите кога го прашаа за нивната смрт, но на новинарите им порача дека не сака да зборува за работи кои се лични.

Scroll to Top