(Видео) Александра Пријовиќ го крена Белград на нозе: цела српска естрада на концерт кај пејачката

Со првиот од вкупно трите концерти пред белградската публика во најголемата концертна сала во Србија, Александра Пријовиќ ја започна својата регионална турнеја „Од исток кон запад“ и испиша нови страници од музичката историја на овие простори.

Таа вчеравечер го одржа првиот концерт од турнејата. Два и пол часа публиката пееше заедно со Пријовиќ. „За нас касно је“, е песната со која пејачката го отвори концертот.

Потоа следеа хитовите како „Звук тишине“, „Легитимно“, „Дам дам дам“, „Богата сиротиња“ и други, а публиката ја поздравуваше после секоја песна со овации, силен аплауз и скандирање на нејзиното име.

Пријовиќ во Беград ќе има три концерти, кои веќе се распродадени.

Пријовиќ блесна во три стајлинзи за секој од трите музички блокови. На сцената присутни беа и координирани танчери и совршено наштиманиот оркестар.

Режисер на шоуто беше Петар Пашиќ, а Skymusic, организаторот на концертот, беше задолжен за елементите кои од синоќешниот настап направија аудио – визуелен спектакл за кој ќе се зборува – речиси 400 квадратни метри ЛЕД екрани, исто големината на површината на сцената покриена со сјаен под, импресивна сценографија, специјално дизајнирана графика за LED екрани, моќен звучен систем со најголем број на звучници досега инсталирани во Арената, сензационални специјални ефекти, повеќе од 500 уреди за осветлување и неверојатни пиротехниката создаде магична атмосфера во текот на целиот концерт.

Долгогодишниот пријател и соработник, текстописец, композитор и пејач на Александра, Дејан Костиќ, заедно со неа го изведоа дуетот „Лудница“. Гостин на концертот на Пријовиќ беше и српскиот пејач Ацо Пејовиќ. Тој изведе некои од неговите најголеми хитови, а заедно со Александра создадоа музички момент кој долго ќе се прераскажува.

Scroll to Top