(Видео) Ален Исламовиќ пееше со уличен музичар среде Ровињ

Поранешниот пејач на „Бијело Дугме“, Ален Исламовиќ, запеа среде Ровињ со уличен музичар и ги освои симпатиите на случајните минувачи, но и на следбениците на социјалните мрежи.

„Еве ме на плоштадот во Ровињ со уличен музичар и мојот најголем хит во кариерата“, вели Исламовиќ во описот на видеото.

Инаку, „Ѓурѓовден“ е хит на „Бијело Дугме“ од 1988 година, а Исламовиќ беше пејач во групата во периодот од 1986 до 1989 година. Пејачот е и поранешен член на групата „Дивље јагоде“.

Scroll to Top