(ВИДЕО) Амиџиќ се огласи по скандалот со твитот, кој го објави по пожарите во Хрватска

Српскиот водител за Телеграф, ја прокоментира фрката која настана по неговиот твит, кој се однесуваше на пожарите во Хрватска.

Коментарот Огњен Амиџиќ, на сметка на страшните пожари во Хрватска, кој водителот од 18 јули го објави на Твитер, предизвика бурни реакции од страна на неговите обожаватели, но и корисници на социјалните мрежи од целиот регион.

Да потсетиме, твитот како гласеше:

Неколку минути откако го објави коментарот, над, неговиот Твитер налог, се вжешти. Почна брутална препирка, меѓу Србите и Хрватите. „Коцкастите“ му пренесоа страшни закани, а целата фама, се коментира со денови подоцна.

Токму поради тоа, средбата со Огњен ја искористија новинарите за да го прашаат токму за пораката која ја напиша, и што навистина мислеше.

 

„Добро што ме праша. Кај нас се погрешно се толкува. Јас реков потоа дека тој мој твит, кој не го свати, а генерално не треба да го објаснувам… Јас само читав преписка и кавга на некои луѓе од Хрватска и Србија, каде овие се сладеа со маката на другите, а другите со на овие првите, а јас знам дека тоа датира од сите оние немили настани кои ни се случија, а поплави се случија и кај нив и кај нас. Но, и тогаш беше тоа. Јас само дадов коментар дека тоа е целосно очекувано, со оглед на тоа дека вечно едната страна се слади со тоа, и тоа е тоа. Ништо друго. Дадов пример дека едната и другата страна тоа го прават. Ништо не беше во прво лице, беше во трето. Се разбира, се наоѓаат и такви кои што паметуваат“, се обида да објасни Огњен.

Со оглед на тоа дека откри дека годинава ќе летува во Грција, го прашавме дали има во план да оди на одмор баш во Хрватска.

„Па, не. Јас таму никогаш не ни летував. Не одам. Едноставно, бирам друга дестинација“, искрен беше Амиџиќ, на крајот додавајќи дека секогаш стои зад она што ќе го напише.

Погледнете го комплетниот разговор на следниот линк:

 

 

Scroll to Top