Популарната пејачка Ана Николиќ неодамна настапи пред публиката во Нови Сад, а за емисијата „Ексклузивно“, што се емитува на телевизијата „Пинк“, зборуваше за актуелните случувања во својот живот. На прашањето како го помина времето во Турција, Николиќ се збунила.
„Не бев во Турција, бев на излетничкото место Грза, а тоа што го велат во весниците не е точно“, вели Ана.
Репортерот ѝ откри дека турските папараци му ги пренеле тие информации.
„Па веројатно ме замениле со Џенифер Лопез“, рече таа, а потоа додаде:
„Сега брзам да градам светска кариера, а почнуваме во Нови Сад“.