(Видео) Аца Лукас удри жестоко по колегите: Имаат по пет-шест стана во Белград, а бараат помош од државата

By

Српскиот пејач Аца Лукас јавно го изнесе својот став и кажа што мисли за протестите што се случуваат во Србија по повод забраната за настапи на музичарите и работата на угостителските објекти. Тој вели дека тие протести се политички индоктринирани.

„Мене не ме повикаа затоа што знаеја дека ќе ги одбијам. Мене ми е срам кога некој од таков ранг, како што е, на пример, Ера Ојданиќ, ќе каже дека ги потрошила сите пари. Да не се лажеме, ние заработуваме најмногу во оваа земја. Тој протест почна од најпопуларните. Државата веќе ја подели помошта пред неколку месеци. Јас не бев во таа група и не ни сакам да бидам. Луѓето што имаат по пет или шест стана во Белград сега бараат помош. Па работете, товарајте јаглен“, им порача Лукас на колегите.

Пејачот призна дека добивал покани за да пее на некои корона-журки, но изјави дека сите ги одбил.

„Чеда Чворак беше лидер на протестите. Бара да работи, а тој не работи веќе 20 години. Имам впечаток дека тој протест е политички индоктирниран“, порачал Лукас.

Извор/Курир.рс

 

 

Ќе ви се допадне

KissAnime anime online: Watch Fairy Tail Episode 47

4Anime 4anime app ios: Watch Your Lie in April Episode 2 (https://4anime.biz/m/YZ0/ep-2)