(Видео) Беквалац со ќеркичката Катја на контрола

Наташа Беквалац го посети Белград за да ја однесе ќеркичката Катја на контрола. Во таа пригода, снимена е како се вози во автомобилот на својата другарка, земајќи предвид дека сопругот Лука Лазукиќ и’ го одзеде црвениот „мини морис“ купен со нејзини пари.

Ни Лазукиќ, ни некој друг од неговото семејство, дури ни преку посредници, за овие месец и пол дена, колку што помина откако ја претепа сопругата, не прашал како е неговата ќерка и дали и’ е потребно нешто.

Наташа сосема сама се грижи за бебето, со помош на сестрите и пријателките. На снимките што ги направи екипата на емисијата „Папарацо-лов“, се гледа дека Наташа загубила голем број килограми и дека е најслаба досега.

Scroll to Top