Пејачката Зорана Павиќ и ја исполни последната желба на писателката Исидора Бјелица и организираше забава во нејзина чест под името „Бела бајка“. Последната желба на Исидора, пред да почине, беше блиските и пријателите, наместо на гробишта, да и дојдат на забавата.
„Веќе не делува ебената хемо, маркерот расте. Ќе пробам уште нешто, но судејќи по сè нема големо фајде. Елем, не ти пишувам за да кукам, затоа што во мојот случај тоа е ситуација која ми здодеа и мене, и на Бога, и на луѓето, туку да те замолам нешто. Премногу ги сакам луѓето за да ги малтретирам да одат на толку непријатно место како што се гробиштата или уште, не дај Боже, на некои здодевни академии каде што сите ќе се задушат од досада. Бидејќи ти на чуден начин подобро од сите мои пријатели го сфаќаше мојот сензибилитет и мојот хумор, те овластувам за една работа – кога ќе заминам во вечните ловишта, да организираш забава со многу добра музика и бел дрес код, затоа што јас сум Бјелица не Црница“, ѝ напишала пред смртта Исидора на пријателката.
Семејството се согласи да има забава, но рекоа дека дека нема да присуствуваат ниту да ја помогнат организацијата.
Видеото можете да го погледнете на следниот линк
„Не доаѓајте ми на гробишта туку направете забава во бело со добра музика“ – објавена последната желба на Исидора Бјелица