Откако медиумите објавија дека е приведен актерот Драган Бјелогрлиќ затоа што го нападнал режисерот Предраг Антонијевиќ во еден хотел во Ниш, сега режисерот раскажа што се случило.
„Во голем шок сум. Тоа мене да ми се случи, во мојот роден град, на филмски фестивал. Седев на троседот со колегите, разговаравме. Ми дојде зад грб, не успеав да се бранам. Беше во видна алкохолизирана состојба, можеби и дрогиран. Непресметливо се однесуваше“, тврди режисерот Антонијевиќ за Блиц.рс.
Тој верува дека нападот може да биде поради две причини.
„Една е корупциската афера која ја открив и поради која сега сме на суд, а втора е тоа што тој е голем противник на филмот ‘Дара од Јасеновац’. Ова е омраза која се искажа на најлош начин“, вели Антонијевиќ.
Дел од српските медиуми објавија видеоснимка за која велат дека е наводниот напад.