(Видео) Борисов сниман со дрон во спалната, спие со пиштол и купчиња евра и злато

Бугарските медиуми објавија фотографии од премиерот Бојко Борисов додека спие во неговата спална соба, а покрај него на масичката се гледаат неговиот пиштол, злато и евра.

Борисов вчера пред јавноста објасни дека бил наместен и го обивни бугарскиот претседател Румен Радев. Тој тврди дека целото сценарио е смислено од страна на неговите политички противници, со цел да го унишат.

Борисов го обвини Радев дека тој лично го управувал дронот кој го снимал, а кој го добил како подарок од Кина. Борисов не ја негира автентичноста на фотографиите, но тврди дека пиштолот, златото и еврата биле намерно оставени покрај него.

„Радев требаше да ја обедини нацијата, а сега сака мене да ме бутне во кал. Ниту ќе бидам отфрлен ниту запрен. Јас сум слободна личност и имам нормален живот. Целта е да ме уништат ментално, а потоа ќе ме нападнат и физички. Загрижен сум затоа што кога спијам, сум беспомошен. Сега ќе извлечам многу заклучоци. И како ќе спијам“, изјавил Борисов.

Scroll to Top