(Видео) Брена на концертот во Америка го рашири југословенското знаме

Фолк-дивата Лепа Брена во моментов има концертна турнеја во Америка и во Канада. Пејачката уште на првиот концерт ја воодушеви публиката кога на сцената го рашири југословенското знаме со петокрака и ја отпеа песната „Југословенка“.

Пејачката веќе одржа десетина концерти во неколку поголеми градови, а публиката секогаш е воодушевена од овој нејзин гест. На социјалните мрежи пишуваат дека Брена и понатаму шири братство и единство меѓу народите од овие простори и покрај тоа што ова го прави во САД и Канада.

Scroll to Top