(Видео) Дачиќ му запеа и на Ердоган

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, вчеравечер запеа и пред турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој ја испеа песната „Осман ага“ на турски јазик, а од муфтијата Мустафа Јусуфспахиќ доби бакшиш.

Дачиќ пеел на официјална вечера организирана од српскиот претседател Александар Вучиќ. На Јутјуб е поставено видео на кое се гледа како Дачиќ стои близу масата на која седат Ердоган со сопругата Емине и српскиот претседател Вучиќ со сопругата Тамара.

Scroll to Top