(Видео) Дара Бубамара ќе пукне во фустанот од теснотија, пејачката цела во латекс се појави во Амиџи шоу

Српската пејачка Дара Бубамара, која платила наводно, дури 45.000 евра, за пластични операции, со месеци е мета на повици за користење програма за разубавување на социјалните мрежи.

Таа постојано објавува слики и видеа од нејзини настапи, но и како позира во разголени изданија, за кои фановите велат дека користи фотошоп. Дара Бубамара се појави во шоуто на Огнен Амиџиќ каде таму може да се види реалната слика за изгледот на пејачката.

Гледачите можеа да видат како и стои црвениот латекс костим. Појавувањето на Бубамара во шоуто на Амиџиќ не помина незабележано, веднаш на Тик ток се појави видео во кое се исмева пејачката.

Таа во интервјуто за Амиџиќ зборува за нејзиниот изглед, но и за вербалните напади со нејзините колешките од естрадата.

 

Scroll to Top