(Видео) Дара Бубамара се паркираше среде улица

Српската пејачка Дара Бубамара го привлече вниманието на социјалните мрежи со објавеното видео, на кое се гледа како паркирала среде улица. Таа на „Инстаграм“ објави видео, на кое паркирала со своето возило на спротивната лента од улицата и напиша дека тоа е нејзиниот стил на паркирање.

„Мојот стил на паркирање е царско. Тоа само јас го можам“, напиша пејачката.

За Дара е познато дека ги обожава автомобилите и дека е добар возач. Српските медиуми пишуваат дека таа лесно може да си дозволи себе си да има возач, но понекогаш и таа сака да седне зад воланот, а поблиските кои ја познаваат, велат дека ужива кога вози брзо.

Scroll to Top