Пејачот Здравко Чолиќ по одржаниот концерт во Херцег Нови, на аеродромот во Подгорица на една од вработените ѝ ја отпеа песната „Моја драга“, а потоа ја бакна во образ.
Среќната девојка по име Маја, вели дека не можела да го сокрие воодушевувањето кое ѝ го приредил пејачот.
„Здраво Чолиќ одржа концерт во Херцег Нови, а вечерва на аеродромот во Подгорица ѝ пееше на наша Маја! Еден е Чола“, пишува на снимката на социјалните мрежи.
Преку снимката која сè рашири на социјалните мрежи, пејачот ги освои симпатиите ѝ доби пофални коментари поради неговиот гест. Големиот број фанови напишаа дека со ваквиот потег Чола докажал зошто важи за една од најголемите ѕвезди на Балканот.