(Видео) Девојката на Андрија Милошевиќ не се смее на неговите шеги: Не си смешен, ама бар си сладок

Популарниот српски глумец Андрија Милошевиќ не може да ја насмее својата девојка, актерката Александра Томиќ, со неговите шеги. Иако во јавноста е познат како забавен тип со одлична смисла за хумор, Александра мисли дека тоа не е смешно.

Андрија на Инстаграм неодамна објави ново видео на кое ѝ кажува виц, но Александра не реагира на шегата.

„Беше крајно време да ѝ кажам нов виц. Се гледа дека е одушевена“, напиша глумецот. Фановите му напишаа дека вицот е пресмешен, а коментар остави и Александра. „Ако не си смешен, барем си сладок“, му напиша таа.

Не е првпат Александра да не се смее на вицовите на Андрија. Додека тој ја снима, таа најчесто само превртува со очи и го прашува: „Тебе ова стварно ти е смешно?“.

Scroll to Top