(Видео) Џејла Рамовиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“

Џејла Рамовиќ е победничка во финалето на „Ѕвездите на Гранд“. Во музичкото шоу кое се одржува 13 години по ред, седумнаесет годишната Рамовиќ чиј ментор и беше Марија Шерифовиќ ги освои симпатиите на публиката и жирито. Ова е нејзина втора победа во Гранд.

Пред две години таа победи и во натпреварувањето „Некои нови клинци“.

Во финалната вечер беше применет евровизискиот систем на гласање, а бодовите ги поделија пејачите од Србија и целиот регион, меѓу кои беа и Елена Ристеска, Милица Тодоровиќ, Неда Украден, Жељко Васиќ, Тамара Тодевска и многу други.

Марија Шерифовиќ не ја криеше својата среќа од победата на нејзината кандидатка, за која вели дека и била миленичка на публиката од самиот почеток.

Меѓу 16 финалисти, Македонија имаше четири претставници и тоа Мартинијан Кириловски, Огнен Здравковски,Филип Пецовски и Дарко Коцевски Даринос.

Од нашите натпреварувачи највисоко се пласираше кумановецот Мартинијан, кој со 133 гласови од жири и 95 од публика го освои петтото место.

Scroll to Top