(Видео) Двајца мажи се свршија во првиот геј-бар во Дубровник

Во геј-клубот „Милк“, отворен во Дубровник, се случи и првата понуда за брак на геј-пар. Објавено е и видео од понудата за брак од страна на тимот вработени во клубот.

Клубот беше отворен во мај, локал чија цел е да зборува сам за себе и да направи сите што ќе дојдат таму да се чувствуваат добредојдени. Но, најважно во целата приказна е присутните гости да се чувствуваат удобно и затоа не е чудно што овој пар го одбрал клубот за романтичен момент.

Инаку, инспирацијата за името на локалот е инспирирана од активистот и политичар Харви Милк, кој се борел за правата на хомосексуалците и како таков, од историска перспектива, Милк е првата геј-личност која е избрана за јавна функција во Сан Франциско.

„Ако не сте слободни да бидете тоа што сте, во она најважното од сите човечки активности – изразот на љубовта, тогаш самиот живот ја губи смислата“, рече еднаш Милк, а неговата реченица ја има во дубровничкиот клуб.

Scroll to Top