(Видео) Ечи Цеци на разглас во НБА, по нарачка на Лука Дончиќ се слуша српски фолк

Познато е дека словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја обожава српската музика и  како и  Никола Јокиќ, така и тој често објавува хитови што се слушаат за време на неговите тренинзи.

Токму поради најдобриот кошаркар на Далас маверикс и еден од најголемите таленти,  Цеца стаса и до НБА со „Лепи громе мој“  и песната се слушаше во една од најубавите сали во НБА Американ ерлајнс во Далас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bad Bunny Basket (@badbunnybasket)

Зад ова стои Лука Дончиќ, кој побарал од одговорниот да пушта музика од разглас. Сето тоа се случуваше на тренинг на Маверикс, но интересно е што на целата сцена е присутен и познатиот актер Џејми Фокс.

Беше специјален гостин на тренингот на Мавс, се појави во дресот на Далас. Џејми и Лука се поздравија, додека Цеца ечеше на разглас.