Синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко, не крие дека ја обожава својата мајка. Тој објави видео на кое лежи во нејзината прегратка и вели „И на 22 години можеш да легнеш покрај мајка ти“. Видеото предизвика многу реакции кај неговите пријатели. Едни се пошегуваа дека е „силен боксер, а мајкин син“, а други му напишаа: „Па се знае како треба, една е мајка“.
Вељко наскоро ќе се жени со својата свршеница Богдана. Тој неодамна откри дека по свадбата веќе нема да живее во истата куќа со Цеца.