Пејачката Емина Јаховиќ се смирила со нејзиното поранешно момче, турскиот милијардер Садетин Саран, со кого го прославила нејзиниот 37 роденден, пишуваат турските медиуми.
Пејачката објавила снимка на социјалните мрежи, која ја направила во нејзиниот дом, а на видеото се слушаат нејзините синови Јаман и Јавуз, но и гласот на Саран, со кого децата ја пејат роденденската песна за Емина.
Дека двојката повоторно е во врска, говорат и големиот број на разменети лајкови кои едниот и другиот си ги даваат на социјалнтие мрежи, особено на Инстаграм пишуваат медиумите.
Во еден момент двајцата ставиле иста фотографија, што голем број од обожавателите укажале дека двајцата се согласувале за исти работи.