(ВИДЕО) Гледачите го прашаа Амиџиќ, колкав му е носот – Џиновиќ се вмеша и ја испровоцира Рада

Иако ова беше еден од смешните моменти во емисијата „Амиџи шоу“, пејачката не очекуваше дека нејзиниот дечко ќе го „зезнат“.

Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ гостуваа синоќа во емисијата „Амиџи шоу“, а на самиот почеток на емисијата беше и повеќе од весело.

„Колку сантиметри е долг твојот нос, и дали ти смета додека спиеш?“, го прочита Огњен прашањето на кого му беше упатено, а Харис се надоврза.

„Дали тоа е за мене или за тебе?“, праша Харис…

 

„Па, дали ти си луд… Дали ти си норамлен… Па како ти воопшто можеш да се натпреваруваш со мене?!“, возврати Огњен на своја сметка.

„Добро… чекај да видам… Радо, ти си тука, иста е оддалеченоста…“, изјави Харис мислејќи на носот на пејачката, и ги насмеа сите во студиото.

 

На крајот сепак мораше да се искупи, па ја прегрна и ја бакна Рада, а Огњен конечно одговори на прашањето.

„Не мерев колку е долг мојот нос, а не ми смета додека спијам, затоа што спијам на страна“, повторно се насмеа.

Погледнете ја снимката…

Scroll to Top