Илма Карахмет публиката ја запозна благодарение на музичкото шоу „Икс Фактор адриа“. По завршувањето на шоуто, таа ја продолжи својата музичка кариера. Нејзиниот глас им се допадна на сопствениците на познатиот бренд „„Dsquared2“, Дин и Дан, па неодамна беше гостинка во нивниот дом во Милано.
„Имам голема чест и задоволство да бидам гостинка на приемот на светските модни дизајнери Дин и Дан во Милано, каде ми ги отворија вратите од својот дом. Таа чест ја имам токму поради тоа што го сакаат мојот глас и пеев специјално за нив. Пресреќна сум, навистина на мојата среќа ѝ нема крај. Некогаш помислувам дека некои работи се само сон, но сепак се случуваат кога најмалку се надевам“ – напиша Илма на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Српските медиуми претходно пишуваа дека еден од сопствениците на брендот бил присутен на нејзин концерт и така почнало нивното познанство.
„Еден од сопствениците на Dsquared2, Дин, ме слушнал на Јутјуб и имал желба да ме запознае. Јас имав концерт во Минхен, кој беше на англиски јазик и одеднаш човекот се појави во публиката. Во сета таа возбуда и воодушевување, имав желба да му отпеам една песна, само за него и дознав која му е омилена, па така и се случи – изјави пејачката за медиумите, додавајќи дека по концертот се дружеле заедно, како и дека прашање на време е кога би се остварила некоја соработка.
И пејачката и од брендот споделија неколку фотографии и видеа кои пренесуваат дел од атмосферата.
View this post on Instagram
View this post on Instagram