Српскиот водител Иван Ивановиќ случајно или не само два дена пред да почине една од најголемите легенрадни југословенски актерки, Милена Дравиќ, во неговата емисија „Вечер со Иван Ивановиќ“, и упати поздрав.
Иван за гостинка ја имаше Дубравка Мијатовиќ и реши заедно двајцата да ја поздрават и пратат бакнеж на Дравиќ.
„Милена често ја гледа оваа емисија, јас тоа го знам. И ако си согласна јас би сакал двајцата да и испратиме по еден бакнеж и да и кажеме дека многу ја сакаме“, изајви во емисијата Ивановиќ.
Во морето на познати кои денеска се простија од Милена Дравиќ преку социјалните мрежи се најде и Иван, кој го постираше моментот кога ја поздрави актерката во петокот на 12 октомври.
„Изненадувачки, не знам зошто, го направивме ова со Дубравка. Можеби е случајно можеби не. Збогум Милена, поздрави го Гага“, напиша Ивановиќ над снимката од емисијата.