(Видео) Како Џордан и екипата го зезаа Тони Кукоч

Во документарниот филм на „Нетфликс“, последниот танц, кој ја раскажува приказната за најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, еден дел режисерот се осврна и на неговиот соиграч Тони Кукоч.

Еден таков момент се појави во петтата сезона, кој открива како Џордан и останатите негови соиграчи, го зафркавале Тони Кукоч. Познато е дека Џордан и Пипен не го обожавале Кукоч, кој беше донесен во Чикаго Булс од страна на генералниот менаџер Џери Краус.

Во една од сцените во соблекувалните, Џордан го зафркава Кукоч заради неговите патики. Џордан му кажал дека кога ги носеле неговите патики, тој бил само бебе, а останатите соиграчи почнале да се смејат на шегата на сметка на Тони Кукоч.

Scroll to Top