(Видео) Калиниќ изгубил контрола по нападот врз неговиот пријател во „Пионир“

На социјалните мрежи се појави видео од моментот поради кој настанала тепачката во салата „Пионир“ меѓу српскиот водител Милан Калиниќ и навивачот на Црвена Ѕвезда Далибор Крковиќ.

На снимката се гледа како Калиниќ изгубил контрола, откако Крковиќ со глава го удрил неговиот пријател со кого се расправале околу местото за седење. Меѓу присутните кои ги раздвојувале актерите во тепачката бил и поранешниот српски министер за одбрана Драган Шутановац.

Крковиќ крвав ја напуштил салата, додека Калиниќ продолжил да навива и да го следи мечот до крај. Инцидентот предизвикал голема полемика на социјалните мрежи, а голем број од твитерџиите ги осудија учесниците.

„Браво господа. Каков пример им дадовте на младината. На децата кои беа покрај кошаркарите на Црвена ѕвезда, а се задолжени за бришење на паркетот. Какви манири. Точно е дека местото ви е во првиот ред, но не во сала, туку во затвор“, бил еден од коментарите на социјалните мрежи.

Поради овој инцидент српскиот водител Милан Калиниќ би можел да се соочи со затворска казна од 30 дена до 60 дена.

 

Scroll to Top