Хрватската пејачка Северина Којиќ на социјалните мрежи објави видео со нејзиниот свекор Драган Којиќ Кеба со кого го минала Божиќ. На видеото Кеба ја прашал својата снаа да ѝ отсвири некоја музичка желба.
„Дали ти свекоре мој знаеш да ги свириш некои од моите песни“, го прашала Северина својот свекор Кеба.
„Ги знам сите твои песни, а најдобро знам да ги унаказам“, ѝ одговорил Кеба, кој со гирата во раце почнал да ја свири и пее песната на Северина „Јас само пејам“, која пејачката ја изведе пред 20 години.
„Песната ‘Јас само пејам’ ја напишав и испеав во 1999 година. 20 години откако Кеба стана мој свекор, кој е најдобар на светот“, напишала Северина.