(Видео) Кога Цеца пее чашите мора да се полни, келнерите папсаа од нарачки и никому не му е гајле оти има ковид: Фолк-ѕвездата имаше концерт во Охрид

Цеца Ражнатовиќ имаше концерт вчеравечер во Охрид во ноќниот клуб „Егоист“. Таа се појави на сцената во долг елегантен розов фустан со длабок шлиц, но, дојде без дечкото Богдан, кој досега постојано беше со неа на настапите.

Публиката играше и се забавуваше на нејзините познати хитови, „Кукавица“, , „Тачно је“, „Београд“ и многу други. Гостин беше Јоце Панов, кој ја загреа публиката пред настапот на Цеца.

Публиката расположена до крај, играше и пееше и не водеше грижа дали ги почитуваат препораките за држење растојание.

„Се гледа дека ви недистигала музиката. Вечерва нема да застанеме. Ќе играме и пееме цела вечер“, рече Цеца.

На концертот имаше гужва, келнерите не можеа глава да кренат од нарачки оти кога пее Цеци чашите мора да се полни, коментираа расположените гости. Гужва, слики, селфиња од концертот на фолк-ѕвездата. Ко никому да не му е гајле дека има пандемија, а бројките на новозаразени растат.

Пејачката беше сместена во претседателскиот апартман во хотелот „Голден вју“. Во Скопје таа дојде со приватен авион, додека во Охрид стигна со автомобил со својот стилист и бенд. Денес објави слики дека не е во Охрид и со Богдан се на море, па се пофали со неколку објави на „Инстаграм“.

Scroll to Top