(Видео) Корона-забава во Белград, Ѓоковиќ танцува гол

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ минатата недела направил луда забава во Белград. На снимките кои се вртат по социјалните мрежи тенисерот, речиси без облека на себе, танцува лимбо танц, а со него е и неговиот колега Григор Димитров, кој подоцна бил позитивен на коронавирусот.

„Мала забава нема никому да му наштети“, се слуша од звучникот додека Димитров, Ѓоковиќ и друштвото се забавувале, за на крајот некои од нив да завршат без кошула. Друштвото се забавувало доцна во ноќта, сите се прегрнувале и правеле склекови.

Два дена по забавата во Белград се откри и дека кошаркарот Никола Јанковиќ, кој исто така бил на журката, е позитивен на коронавирусот. Медиумите во Хрватска пишуваат дека и покрај тоа што овој турнир е голема промоција за Задар и Хрватска, сепак организацијата на „Адрија тур“ и гостувањето на најдобриот светски тенисер и неговиот тим било погрешна идеја.

Новак Ѓоковиќ одби да се тестира за коронавирус

Scroll to Top