(Видео) Кристијано Роналдо пристигна во Белград

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо синоќа пристигна во Белград. Играчот на Јувентус беше дел од фудбалската репрезентација на Португалија и беше главна атракција меѓу играчите.

Португалците слетаа на аеродромот „Никола Тесла“ во 20:20 часот. Големиот број фанови немаа можност да бидат во близина на нивниот идол и да добијат автограм и направат селфи.

„Ти си ни во срцето“, пишуваше на еден од многубројните транспаренти од публиката.

Португалецот ги поздрави фановите и влезе во автобусот. Силното полициско обезбедување распоредено низ аеродромот им овозможија на португалските гости брзо и непречено да се сместат во хотелот.

Португалците во сабота во 21 часот на „Маракана“ ќе го играат натпреварот од квалификациите за Европското првенство со Србија.

Scroll to Top