(Видео) Легендарниот пејач Мишо Ковач на 80 години објави нов спот

Мишо Ковач (80) објави спот за  песната „Чувајте ми ја песната“ од албумот „Биди човек со добра волја“ од 1999 година и ова е првиот од четирите нови видеа што ги сними на крајот на септември. Освен оваа песна, Мишо сними и видеа за „Остана иста“ „Ако ме оставиш“ и „Најубави се очите на мајка ми“, кои наскоро треба да бидат објавени. Видеата ги снимал на терасата на приватна куќа, а цело време со него била сопругата Лидија.
На Јутјуб, видеото за песната „Чувајте ми ја песната“ речиси 30.000 прегледи за само 19 часови, а фановите не го криеле ентузијазмот.
„Ми го разубави денот, наша легенда“, „Мишо, остани со нас секогаш“, пишуваат за видеото.

Scroll to Top