ВИДЕО: Лукас на концертот на Карлеуша за прв пат јавно ја покажа новата девојка

Ова е првото заедничко појавување на Аца Лукас и неговата нова девојка Бранислав во јавноста.

Јелена Карлеуша одржа синоќа спектакуларен настап на сплавот „Port“, a меѓу оние кои уживаа во нејзините хитови беше и Аца Лукас, кој на настанот се појави со новата девојка Бранислав.

Лукас како вистински џенталмен ја придржуваше 27 годишната девојка, додека во високи штикли се симнуваше по скалите, во кратко фустанче со отворен грб…

 

Printskrin: Telegraf

Бидејќи ова беше прво нивно заедничко појавување во јавност, не чуди тоа што сите камери, објективи и очи на присутните, беа вперени во нив.

Погледнете и самите на следниот линк:

Да потсетиме, Лукас од сопругата Соња Вуксановиќ се разведе по судски пат, а Бранислав, како што и самиот призна, бил лудо вљубен. Забавувајќи се околу два месеци, фолкерот изненади со изјавата дека со неа ќе ја мине остатокот од животот.

 

Scroll to Top