(Видео) Луксуз и гламур во станот на Дара Бубамара

Пејачката Дара Бубамара на својот „Инстаграм“ објави видео од нејзиниот стан во Нови Сад. На прв поглед јасно е дека во целиот дом преовладува луксуз и гламур, нежни бои и модерен мебел. Пејачката за целиот нејзин дом потрошила повеќе од 200.000 евра, пишуваат српските медиуми.

Дара ја покажа дневната соба, за која вели дека ѝ претставува оаза на мирот. Таа најголем дел од денот го минува токму тука, а вели дека сите нејзини пријатели и гости кои дошле кај неа, биле воодушевени од изборот на мебел.

Во нејзиниот дом доминираат светли бои. Сè е бело, без разлика дали станува збор за креветите, столовите, масата, завесите или пак ѕидовите.

Целиот простор остава впечаток на комфор, сè е во бела боја, а од терасата има прекрасен поглед кон градот, пишуваат медиумите.

Scroll to Top