Луна Џогани не знае како се лупи краставица, ја исмеваат пејачката на социјалните мрежи. Видеото на кое 23-годишната ријалити ѕвезда се мачи да ја излупи краставицата стана хит на Интернет. „Луна сечка и делка како првпат да фаќа нож во рака“, се шегуваат со неа. Коментарите одат дотаму што некои ја навредуваат, велат дека е „неспособна и глупава“, а има и такви што пишуваат дека „животот ќе ѝ помине во реални шоуа“.
Ќерката на Анабела Атијас и Гаги Џогани, кои во ’90те беа популарни со групата „Фанки Џи“, трета година по ред е дел од реалното шоу „Задруга“. Со неа оваа година во шоуто се и нејзините родители, но и момчето Марко, што го запозна лани додека се снимаше популарното ријалити. За потсетување, Луна лани победи во „Задруга“, сними две песни, но наместо музичка кариера, реши да се врати во шоуто.