Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ е се поактивна на социјалната мрежа Инстаграм, а своите снимени приватни моменти, со задоволство ги споделува со пошироката јавност.
Така беше и овој пат, кога пејачката објави видео кое било направено со мала помош од нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ.
Пејачката мислела дека ќерка и ја фотографира, но тоа не се случило. Таа одлучила двете заедно да се снимат, со странски хит кој се слушаше во позадина.
Спонтано и со широки насмевки и двете во видеото ги воодушевија фановите. Комплиментите непрекинато стигнуваа од обожавателите.