Фолк-пејачот Миле Китиќ често е цел на критики поради екстравагантниот начин на живот, кој обично е тематизиран и во неговите спотови и песни, но него не го интересираат негативните коментари.
На снимањето на новиот спот може да се видат дијамантски накит и аксесоар, но тој додава дека на себе не носи скапи чевли, туку чевли произведени во Нов Пазар.
„Зошто не би носел нешто квалитетно? Бог ми даде да работам и добро да заработувам, па зошто не би вложувал во себе?“, јавно праша Китиќ.